ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, интервју со Јован Деспотовски: Ковачевски колку побрзо ќе поднесе оставка толку побрзо СДСМ ќе се крене на нозе

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ и како што се шпекулира – кандидат за нов претседател на СДСМ, е гостин во поткастот „Политиканти“. Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју со Деспотовски разговараа и за економија и за политика, а особено за политика. Оти, како тоа се случи за СДСМ на изборите да не гласа ни дел од членството на партијата?

Ќе се кандидира ли Деспотовски на конгресот на СДСМ во јуни за нов претседател на партијата? Како се случи да се прокоцка за само седум години добрата енергија од Шарената револуција? Се изгуби ли либералната опција во државата? Кој е виновен што СДСМ ги загуби изборите? Зошто СДСМ никако да ја научи лекцијата од изборните порази? Кога Ковачевски ќе си поднесе оставка? Што ако не си поднесе? Отворено за тоа кои се грешките во владеењето на СДСМ, точка по точка, според мислењето на Деспотовски.

Одговорите на овие и уште неколку битни прашања за СДСМ, за нивната и нашата иднина слушнете ги во најновото издание на поткастот „Политиканти“.

А, патем биди речено, ќе дознаете и какви се ставовите на Оптимистот и Циникот околу светлата (или не баш светла?) иднина што ги очекува ВМРО-ДПМНЕ на домашен терен, а особено на надворешен. Дали Максо е камче или групка земја во чевелот на Мицкоски? Држи ли тезата дека Мицкоски ќе најде оправдување да ги прифати бугарските барања што досега ги оценуваше како „диктат“ и што тоа му се подготвува во кујната на „добриот готвач“ Бојко Борисов? Кликнете, па слушнете во новото издание на „Политиканти“.

Back to top button
Close