(Видео) Премиерот Ковачевски присуствува на историското сослужување на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација која присуствува на патријаршиската и синодлна света литиргија во соборниот храм „Свети Георги Победоносец“ во Фанар (Истанбул) на која заеднички сослужуваат вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот охридски и македонски Стефан, со владици од двете цркви.

Премиерот Ковачевски на истриското сослужување во Фанар

Станува збор за историска богослужба откако во четвртокот вселенскиот патријарх Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската архиепископија (ОА) во богослужбено и канонско единство, а вчера делегацијата на ОА молитвено присуствуваше на празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх.

Архиепископот Стефан и патријархот Вартоломеј

Во владината делегација се и Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи. На богослужбата присуствува и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. По литургијата предвиден е прием за членовите на делегацијата и средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Министрите Спасовски, Петровска и Османи на литургијата во Фанар

На линкот подолу може да ја следите во живо историската литургија:

Back to top button
Close