(ВИДЕО) Премиерот не праша која ни е цената и ни се жалеше дека имало внатрешни и надворешни структури кои сакале да го срушат
Таткото кој го загуби својот син единец во детали го опиша разговорот со премиерот кој го имале семејсвата на починатите во Пулс со премиерот, Христијан Мицкоски.
Имено тој ги прашал директно „која ви е цената“, на што родителот му посочил дека нивните деца не се стока па да имаат цена.
Мицкоски им говорел како имало структури и од внатре и од надвор кој сакале да го срушат.
Дополнително им ветил дека лично ќе присуствува на следниот марш во Кочани, а како што вели родителот веќе два марша поминале, него го нема.
Тој напоменува дека се ближат избори и дека очекува да се обидат или да ги купат или да ги заплашат.
Дополнително вели дека тој нема ништо со СДСМ туку напротив е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и ја основал токму партијата во чија фотеља денес седи Христијан Мицкоски.