ВИДЕО | Превозник од Бугарија: Апсурдно е како автобусот изгорел за толку кратко време

Сопственикот на една од најголемите транспортни компании во Хасково, Себахтин Исмаил за бугарскиот портал „Хасково“ појаснува дека при автобуската несреќа во која загинаа 45 патници, се случило нешто чудно бидејќи, според него, невозможно е таков автобус да изгори за толку кратко време.

Исмаил тврди дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.

– Во случај на пожар автобусите од новата генерација се направени сами да се гасат – се блокира од сообраќај, се активираат сопирачките и автоматски се отвораат вратите. Опремен е со надворешни камери кои сè фотографираат на патот, вклучувајќи ги и знаците. Ако возачот почне да заспива поради некоја причина, на пример, тој заспива, неговото седиште почнува да вибрира и самото возило реагира и се враќа во вистинската насока, објаснува тој.

Тој ја покажува и противпожaрната инсталација во моторот, сигурносните излези внатре во автобусот, камерите и т.н. црна кутија.

– Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време – дециден е Исмаил.

Back to top button
Close