(ВИДЕО) Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, по 2 и пол часа од кафеаната излезе лидер на политичка партија

Раководителот на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска, вечерва одржа прес-конференција на Боемска улица во Скопје.

Таа кажа дека инспекторите од Државен пазарен инспекторат околу 18:30 часот биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во угостителски објект, на оваа улица, со образложение дека угостителскиот објект е од затворен објект и нема гости внатре.

Таа вели дека 2 и пол часа не можеле да влезат да направат надзор, а пред да им дозволат да влезат, од угостителскиот објект излегол лидер на политичка партија. Таа не сакаше да каже за кого се работи.

Таа најави дека против угостителскиот објект, односно економскиот оператор ќе биде поднесена кривична пријава по членовите 205 и 206 бидејќи се обавувала дејност во објектот и за спречување на инспекциски надзор.

вонреден прес на раководителот на Инспекциски надзор-одделение Скопје, Мери Проја Продановска

MИА.mk 发布于 2020年6月3日周三

Дополнето:

ВИДЕО: Драма на Боемска, Мицкоски бил во кафеаната каде келнерите не ги пуштале инспекторите да извршат увид?!

Back to top button
Close