ВИДЕО | Проф. Марковиќ: Додека овој народ сака државата да опстане, Македонија ќе опстане и покрај сите кризи

Пред неколку месеци сѐ уште се дебатираше за тоа колкави се шансите на Македонија во јуни да напредува во евроинтеграциите, но во меѓувреме стана недвсмислено јасно дека нашата позиција е заглавена, што вчера го потврди и претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во Утрински брифинг.

-Поцизијата на Бугарија ми е неразбирлива оти ним им треба стабилен сосед, а не нестабилен сосед. Бугарскиот премиер прави напори, но нема да постигне ништо ако не е подготвен да ја жртвува својата политичка кариера како шшто  тоа го стори Алексис Ципрас со Преспанскиот договор. Лично не верувам дека ќе има скора промена на бугарската позиција, но оставам простор, вели проф. д-р Ненад Марковиќ за Утрински брифинг.

Тој вели дека ние се наоѓаме во позиција на „прокси судир“ оти Бугарија нема храброст да се соочи и спротивстави на Србија, вели Марковиќ. Бугарија нема стабилна позиција и нејзините барања се хаотични, а тоа ние како оодговараме е друга работа, додава Марковиќ во анализата за Утрински брифинг.

-Останува како опција можноста Бугарија да калкулира со нов бран барања бугарски пасоши, за кои знаеме дека нашите граѓани главно ги бараа од практични причини. Но, ако оваа стратегија не им успеа еднаш, зошшто би им успеала втор пат? Пописот покажа колку точно луѓе во Македонија се чувствуваат како Бугари, вели Марковиќ.

Проф. Марковиќ вели дека не гледа опасност за опстанокот на Македонија во оваа констелација на ограничувачки меѓусебни односи.

-Додека овој народ сака државата да опстане, Македонија ќе опстане и покрај сите кризи со кои се соочувала, се соочува и ќе се соочува, вели тој.

Марковиќ вели дека поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов ја започна оваа тема со Македонија претворајќи ја во проблем во обид да се одржи на позиција јавајќи на бранот на антимакедонизмот во Бугарија. Според Марковиќ, оваа стратегија не му помогна на Борисов, а Каракачанов не доби гласови на оваа тема оти веројатно бугарските гласачи го сметаат за премногу фолклорен.

-Кракатеристичен политичар на Балканот е навидум технократ ама со ретроградни националистички ставови од 19 век, вели Марковиќ.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close