(Видео) Протест пред БНТ: Дваесетина граѓани извикуваа „Македонија е бугарска“ и со проектор го прикажаа документарецот што БНТ го тргна од програмата

Информацијата на „360степени“ дека Бугарската национална телевизија (БНТ) вчеравечер неочекувано од својата програма го повлече најавениот документарен филм „Само затоа што беа Бугари“ предизвика многу коментари и критики насочени кон директорот на БНТ, Емил Кошлуков, и кон бугарската влада

Тие му порачаа на рководството на БНТ дека улогата е да ги штити националните интереси, а на власта дека со овој чекор сака да се откаже од историјата, од како што велат, прогонствата и убиствата на оние кои се изјаснувале како Бугари, за сметка на некакви инфраструктурни проекти

 

И покрај повикот за масовно присуство од страна на фејсбук-групата „Борба против македонизмот“, вечерва на протестот пред БНТ се собраа меѓу дваесет и триесет луѓе кои протестираа против одлуката на Бугарската национална телевизија вчеравечер неочекувано од својата програма да го повлече најавениот документарен филм „Само затоа што беа Бугари“.

Додека на еден од ѕидвите од БНТ се проектираше документарниот филм, насобраните извикуваа националистички слогани „И претходно и сега Македонија е бугарска“ и „Мизија, Тракија, Македонија“, области кои низ историјата биле под бугарско владение и носеа транспарент на кој пишуваше „Македонија е бугарска“.

Тие му порачаа на раководството на БНТ дека улогата е да ги штити националните интереси, а на власта дека со овој чекор сака да се откаже од историјата, од како што велат, прогонствата и убиствата на оние кои се изјаснувале како Бугари, за сметка на некакви инфраструктурни проекти. Некои од нив ги повторуваа теззите дека се работи за ист народ, но дека никој не спречува Македонците да бидат Македонци, но не на сметка на бугарската историја.

Информацијата на „360степени“  предизвика многу коментари и критики насочени кон директорот на БНТ, Емил Кошлуков, и кон бугарската влада.

Протестот во живо на својот Фејсбук профил го пренесуваше европратеникот Ангел Џамбаски, кој е од партијата на Красимир Каракачанов.

Back to top button
Close