(Видео) Протести во Двориште: Македонски шуми и гранична полиција вршат тортура, останавме без огревно дрво, луѓе умираат!

Државата малтретира недолжно население во село Двориште, реагираат луѓето кои живеат таму, а кои излегоа на протест бидејќи, како што велат, граничната полиција ги малтретира со месеци.

– Пред три месеци, на 18.09 селото ни го окупираа како да сме најголеми криминалци, а живееме мирен и чесен живот. На луѓето им се одземени исправна дрвна маса и се врши тортура врз населението. 24 часа сме под надзор на гранична полиција, децата не сакаат да излезат на улица, им влеваат страв. Населението остана без дрва за огрев, населението се гони за регистрации на земјоделски возила и приколици кои се направени и немаат алатка или механизам да се регистрираат, бидејќи кај нас патиштата се лоши и фабричка приколица не може да оди по нив. Ние не можеме да си ја снесеме робата до плацевите. Кога ќе слеземе до селото не казнуваат по 500 евра за приклучно возило, приколица, која не може да се регистрира. Ние сме неразвиена рурална средина, нашето население нема од што да опстане, како најбројно село за една година ќе остане празно.

Граничната служба се однесува насилнички, влегува во приватен имот што ниедно министерство не излегло во пресрет, ние сами ги одржуваме нашите патишта, граничната ни монтира камери каде сака, ни ја нарушува приватноста. Ова е село со нула посто вработеност, нема со што нашите деца да ги прехраниме, а сите имаат приватни имоти, компирот нема кој да го откупи, оти има само увоз.

На човек со инвалидитет кој дома чува болна жена му го одземаа тракторот со кој донел отпадни дрвја од приватна парцела. Поради ова населението е изреволтирано и бара правда. Во јавноста сме прикажани како криминалци. Луѓето молат за нивната дрвна маса која сега им ја одземаат, а имаат документи со кои се покажува дека се е исправно, наведоа демонстрантите.

 

Избор: infomax.mk

Back to top button
Close