ВИДЕО Прва снимка од преживеаниот во авионската несреќа во Индија: „Сè се случи толку брзо“

Едно лице го преживеа падот на патничкиот авион што се урна кратко по полетувањето од индискиот аеродром во Ахмедабад кон Лондон. Веста ја потврди комесарот на градската полиција за индиската новинска агенција АНИ, пренесе Би-Би-Си.

Преживеаниот патник, идентификуван како Вишваш Кумар Рамеш, британски државјанин, седел на седиштето 11А, според официјалниот список на патници. Тој е префрлен во болница и се наоѓа на лекување.

Индиските медиуми објавија дека разговарале со него во болничка соба. Според нив, тој им ја покажал картата за качување со своето име и бројот на седиштето, потврдувајќи дека преживеал.

„Сè се случи толку брзо“, изјавил Рамеш за индиските новинари. Тој раскажал дека околу триесет секунди по полетувањето слушнал силен звук, по што авионот нагло се урнал.

Авионот на Air India, лет AI171, со 242 лица на бордот, требал да слета на лондонскиот аеродром Гетвик, но се урна непосредно по полетувањето од Ахмедабад, град во западна Индија. Причините за несреќата сè уште се истражуваат.

Back to top button
Close