(ВИДЕО) СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ВО ОХРИД! Пожар на брод во Охридското езеро
Гори брод во Охридско езеро, во тек е евакуација. Ова е сценариото од вежбата која денеска се спроведе на Охридското езеро, објави 4NEWS.mk
На лице место се полициски возила и противпожарна.
Пожарот на кој се интервенираше на бродот беше недалеку од пристаништето, објави 4NEWS.mk
„На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“, објави 4NEWS.mk
Во вежбата активно учество зема Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Секторот за 112 и Секторот за операции и координација. Секторот 112 ја прими пријавата за настанот, по што следеше координирана комуникација со сите инволвирани субјекти во Системот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација.