(ВИДЕО) Прво видео на Пригожин по бунтот: Ja ослободуваме Африка, на +50. Ние сме ноќна мора за ИСИС

Основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, го објави првото видео по неуспешниот бунт на неговите сили во Русија, за кој се верува дека е во Африка.

Во моментов не е можно да се утврди каде е снимен видео материјалот, јавува Би-Би-Си. Пригожин вели дека неговата група прави се за да ја направи Африка послободна.

Видеото објавено на каналите Телеграм поврзани со платеничката група Вагнер го прикажува Пригожин во борбена опрема, велејќи дека групата ја прави Африка „послободна“.

Во видеото, во кое Пригожин се појавува во маскирна униформа држејќи пушка, шефот на Вагнер вели дека групата истражува за минерали, како и се бори против исламистичките милитанти и други криминалци.

„Ние работиме. Температурата е плус 50 – сè што сакаме. ПМЦ Вагнер спроведува операции за извидување и пребарување, ја прави Русија уште поголема на сите континенти, а Африка уште послободна. Правда и среќа за африканскиот народ, ние сме ноќна мора за ИСИС (Исламска држава) и Ал Каеда и други бандити“, вели Пригожин во видеото.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close