(Видео) Пукање во Калифорнија, шестмина загинати во центарот на Сакраменто


Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени во инцидент со пукање во центарот на Сакраменто, Калифорнија, соопшти полицијата.

Полициската управа на Сакраменто соопшти дека пукањето се случило рано утринава.

Засега не е познато во каква состојба се повредените.

Како што јавуваат медиумите, маж од автомобил отворил оган кон луѓето во близина на ресторанот „Ел Санто“, испукал 50-ина куршуми, а потоа избегал од местото на настанот.

Полицијата на Твитер објави дека на местото на несреќата ќе останат голем број полицајци.

Back to top button
Close