(ВИДЕО) Пукано на авион полн со патници на аеродром во Далас
Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“, полн со патници, на летот 2494 бил погоден од куршум од огнено оружје додека се движел на пистата на аеродромот, соопштија денеска локалните власти.
„Авионот се подготвуваше да полетување за Индијанаполис кога куршум ја погоди десната страна на авионот под пилотската кабина“, изјави портпаролот на Southwest за CBS News.
Авиокомпанијата потврди дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас рече дека патниците биле симнати, леталото се вратило во депото на аеродромот и пистата била привремено затворена.
Полицијата во Далас го потврди инцидентот, додавајќи дека полицајците одговориле на извештаите за пукање во 21:48 часот по локално време и утврдиле дека авионот бил погоден.
The title of this week’s podcast was “Please don’t shoot at the planes”…
Here's playback of WN2494’s taxi path this evening: https://t.co/TMLJIRAW9o
A replacement aircraft departed Dallas with a two hour delay. https://t.co/cQhnAS6Ua9 pic.twitter.com/GinvdINzzA
— Flightradar24 (@flightradar24) November 16, 2024
Не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на инцидентот или кој отворил оган