(Видео) Пукотници низ Синсинати , 17 застрелани од кои најмалку 4 загинати

 

Во градски кварт во југозападниот дел на Синсинати, застрелани се 17 лица, а на самото место останале две жртви, изјави заменик-началникот на полицијата Пол Њугејт.

Другите двајца загинале на пат кон болница. Пукотниците се случиле во рок од еден час ,а станува збор за одвоени инциденти на три засебни локации во градот.

Според информациите од полицијата, пукањата во сите квартови се случиле во интервал од 60 до 90 минути и се работи за трагични, но и одделни инциденти.

Од минатата година, бројот на вооружени инциденти во Синсинати е во пораст, открива весникот „Енквајерер“.

Back to top button
Close