ВИДЕО: „Путин – фашист“ и „Стоп за војната“, скандираа Украинците пред руската амбасада во Скопје

Марш од плоштадот Македонија до руската амбасада во Скопје.

Пред амбасадата на Руската Федерација во Скопје тие скандираа „Путин – фашист“ во знак на протест против руската инвазија на нивната татковина која започна вчера.

Тие повикаа на запирање на руската агресија и прекин на војната во Украина.

Во текот на вчерашниот ден илјадници Украинци кои живеат низ европските и амерканските градови заедно со своите пријатели протестираа пред руските амбасади и конзулати ширум светот за да испратат порака за запирање на руската инвазија врз Украина.

Back to top button
Close