(ВИДЕО) Разбиена криминална група која шверцувала мигранти – уапсени четири лица, по едно се трага

Десетина лица од неколку градови во државата се осомничени дека биле дел од организирана криминална група која шверцувала мигранти преку територијата на државата, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Полициски екипи спроведуваат еден одо осомничени членови на криминалната група / Фото: Принтскрин

Како што информираат оттаму станува збор за лица од Скопје, Неготино, Штип, Виница, Куманово и Струмица против кои до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и корупција (ОЈО ГОКК) се поднесени кривични пријави.

Операцијата за разоткривање на групата била спроведена во педиодот од август до ноември минатата година, а во неа учествувале неколку оддели на полицијата под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК.

Во текот на истрагата полициските екипи дошле до сознанија дека криминалната група ја организирале четворица од осомничените – Ф.И., Е.Б., С.Б и Б.С. заедно со лице од странство. Групата, според МВР, организирала шверц на поголем број мигранти, од кои најголем дел бил од Непал и Сирија, а кои претходно биле пристигнати и извесен период престојувале на територијата на Србија и Грција.

„Во договор со лицето од странство, мигрантите на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани од територијата на Република Грција преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија, а потоа со помош на водичи координирано се носеле на претходно утврдени и договорени локации. Исто така, организаторите на истиот начин криумчареле мигранти на територијата на Република Северна Македонија, кои биле пренесувани од територијата на Република Србија во околината на кумановско – липковскиот регион“,информираат од МВР.  

Од овие локации групата потоа ги преземала мигрантите и со патнички и товарни возила преку илегални премини ги транспортирала кон државите од Европската Унија.

 

Во рамките на истрагата, полицијата извршила претреси кај пет лица во Скопје и Неготино. Пронајдени и одземени се поголем изноес на пари, пиштол, возила, мобилни телефони сим-картички и друг доказен материјал.

Во акцијата се уапсени четири лица, додека за едно се работи на негово пронаоѓање. Останатите осомничени, како што информирата од МВР, веќе издржуваат затворски казни во Скопје, Куманово и Гевгелија за разни кривични дела – од криумчарење мигранти, силување, разбојништво, трговија со дрога и кражба на возила.

Back to top button
Close