ВИДЕО: Реакцијата на Орбан за влезот на Украина во НАТО: Што?!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан со изненадување реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека на Украина и е местото во Алијансата.
Тој напиша еден единствен збор на социјалната мрежа Твитер: „Што?
What?! https://t.co/j3mJojHHOl
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) April 21, 2023
За време на посетата на Киев, Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина го заслужила своето место во евроатлантското семејство со тоа што го поканил да присуствува на самитот на Алијансата, што ќе се одржи во јули во Вилнус.
Сепак, Унгарија, која исто така е членка на Алијансата, постојано објавува дека е против идејата Украина да стане дел од тој воен блок.
0Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, неодамна изјави дека Будимпешта нема да поддржи ниту еден чекор на Украина поблиску до НАТО и самата ЕУ, додека Киев не ги врати целосно малцинските права на Унгарците од Закарпат.