Видео: Рекордна посетеност на фан страницата Кондовски им се заблагодари на битолчани за поддршката

На граѓаните на општина Битола сакам да им се заблагодарам на огромната поддршка која секојдневно ја добивам во директна комуникација со нив. Со овие зборови кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Битола, Христо Кондовски денеска упати јавна благодарност до битолчани за рекордниот број на прегледи на содржините на неговата фан страница на Фејсбук.

– Моето место е меѓу граѓаните! Постојно сум на терен, ги слушам моите битолчани, ги знам нивните проблеми и нашата програма нуди најдобри решенија за тие проблеми! Среќен сум што граѓаните го препознаа тоа! Се обраќаат на сите начини, на улица директно, телефонски и во пораки на мојата фан страница на Фејсбук! – рече Кондовски, посочувајќи дека доказ за интересот на битолчани е и тоа што досега само на фан страницата на Фејсбук нивната ангажираност е преку 180.000 интеракции.

Видеата кои изворно се поставени на неговата фан страница досега вкупно имаат над 180.000 прегледи. Кондовски вели дека тоа е резултат на отворената комуникација со граѓаните.

– Огромниот интерес да ги слушнат моите пораки уште повеќе ме обврзува. Затоа ќе останам отворен и достапен! Секој може да ми се обрати, да даде сугестија, да посочи на проблем! Мојата благодарност и за новинарите – што го забележаа интересот на битолчани и ги анализираа прегледите на мојата фан страница. Заедно одлучуваме со граѓаните! Заедно ќе направиме Битола да биде поубаво место за живеење – порача тој.

Видеата преку кои Кондовски ги упатува своите пораки до јавноста обработуваат различна тематика. Покрај оние во кои тој ги презентира проектите за развој на Битола, огромно внимание привлекуваат и видеата во кои граѓаните можат да видат каков човек е тој – односно искусен бизнисмен, голем вљубеник во природата, поддржувач на фудбалот и велосипедизмот, почитувач на културата, но и посветен сопруг и татко на три деца.

Гледаноста ја зголеми и поддршката која ја доби на големиот митинг со кој СДСМ и коалиционите партнери ја започнаа кампањата токму од Битола. Заедно со видеото од централниот митинг на СДСМ, а кое во живо се емитуваше и на фан страницата на Кондовски, бројот на прегледи надминува 200.000.

 

Back to top button
Close