(Видео) Рис снимен во шума во Кичевско

Членот на здружението „Еко Фазан“, Лутфи Османи, сними редок момент од балканскиот рис во Кичево.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа балканскиот рис, кој е редок во земјата.

„Магична средба со балканскиот рис меѓу боите на есента. Снимено од Лутфи Османи, член на здружението „Еко Фазан“. Присуството на овој редок предатор го докажува природното богатство и дисциплината на нашето здружение“, се вели во соопштението на здружението „Еко Фазан“.

 

Back to top button
Close