Видео: Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат

Институтот за европска политика заедно со Civil Rights Defenders и членките на мрежата „Мисли за Европа“ испратија отворено писмо до пратениците во Европскиот парламент во врска со нацрт-резолуцијата за Извештајот на Комисијата за 2021 година за Северна Македонија.

Тие ги повикуваат европратениците да размислат за делови од резолуцијата и условите поставени од Бугарија кои ќе имаат негативни импликации за македонскиот идентитет и ќе го поддржат ултиматумот што Бугарија го наметнува на Северна Македонија, користејќи го членството во ЕУ како алатка.

Едно од редовните работи кои што следи и продолжува да ги работи е да лобира кај европските пратеници за текст што на резолуцијата којшто нема да ги наруши нашите национални интереси. Факт е дека кога не си внатре тоа многу потешко, Ова со Европскиот Парламент е една посебна линија која мора постојано да се храни за да даде резултати. Тука е потребен и систем на информирање и консултирање со нас, вели за Утрински брифинг Малинка Ристевска-Јорданова, од Институтот за европска политика (ЕПИ).

Таа информираше дека денеска во Европскиот парламент ќе се гласа за последните амандмани кои се усвоени од ЕК.

-Групата на Европската народна партија го повлече амандманот во кој се тврдеше дека Бугарите во Македонија се дискриминирани. Во текстот има сега генерални препораки за борба против дискриминацијата. За амандманот за заедничко честување и историско помирување врз дефинирана заедничка историја со Бугарија доставен од Европската народна партија поединечно ќе се гласа. Предлог амандманот од Зелените се однесува на поттик да се разреши историското прашање и да се применат одредбите од Договорот за добрососедство и препораката да почнат преговорите, вели Ристевска Јорданова.

-Овие формулации кои и одговараат на Бугарија влегуваат во овие текстови. Има една компромисна формулација – да се отворат преговорите и истовремено да се отворат прашањата 4+1. Она пшто е специфично за Македонија беше дека во однос на реформите оценката беше многу позитивна. Беа пофални дека има постојан тренд за спроведување на реформите посебно во делот на владеењето на правото. Второ многу важно е силното инсистирање дека преговорите мора да почнат. И тука реагираше најмногу Џамбаски. Очигледно дека Бугарија си стои на своето, вели Ристевска Јорданова.

Според неа најдобро за македонската дипломатија во моментов е да смирено, упорно и без многу емоции, но со систематско влијание да не` покаже како големи борци, да се покаже конструктивност, но не по цена на нови отстапки.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Back to top button
Close