(ВИДЕО) Ристоска: Не изигрувам жртва, јас сум борец против криминал и корупција

-Сите тие обвинувања се лаги кои што се лесно докажливи. Лесно може да се докаже колку пари биле потрошени во 2015 година, дека записник постоел, а и за дел од работите кои ги зборуваше адвокатката Кадриу, таа не ни била присутна во СЈО во тој временски период. Сакам да потенцирам дека се работи за личност, за поранешен обвинител, кој Советот на јавните обвинители го разрешил поради сторена тешка дисциплинска повреда, заради непрофесионално постапување во предмет кој што нема врска со СЈО. Ако видите дека сите нејзини изјави се преземани и масовно споделувани од лица, дел од нив обвинети, дел од нив осомничени, дел од нив амнестирани, суспендирани, и тоа, пак ќе кажам, неповрзани со предмети на СЈО, освен поранешниот премиер Груевски, тогаш може да се види дека профилот на лица кои на некој начин ги ползуваат изјавите на адвокатката Кадриу. Сметам дека тоа што овие напади се случуваат во период кога сум кандидат за републички јавен обвинител, како да дава тежина на мојата кандидатура и покажува дека сум вистинскиот избор за државен јавен обвинител, изјави обвинителката Ристоска.
Обвинителкста додава и дека таа не изиграва жртва, како што ја претставува адвокатката Кадриу.
-Во делот на нападите на адвокатката Лајла Кадриу беа изнесени и лични навреди кон мене. Јас само сакам да кажам дека јас не изигрувам жртва. Јас сум борец против криминал и корупција и за мене е сосема логично како одреден профил на лица се чуствуваат, би рекла, засегнати од мојата детерминираност во ваквата борба, изјави обвинителката Ристоска.






