ВИДЕО: Роботот кој ја бара исчезнатата подморница го „допре дното“ на Атлантскиот Океан.

Американската крајбрежна стража на Твитер објави дека роботска подморница (ROV) управувана од далечина го „допрела дното“ на Атлантскиот Океан.

Станува збор за далечинско управувана роботска подморница (ROV) која ја испрати канадскиот брод „Horizon Arctic“ во потрага по исчезнатата подморница „Titan“.

Оваа мала подморница го испрати својот последен сигнал до бродот што ја следеше во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.

Во него се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на „Oceangate Expedition“, компанијата што ја организираше оваа турнеја.

Back to top button
Close