Видео: Родители и навивачи на Шкупи нападнаа и претепаа играчи од пионерите на Брегалница во Штип
Инциент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип возрасна публика од Скопје влезе на теренот, а еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца млади фудбалери од домашната екипа. Инцидентот се случи во последната минута од напреварот за деца родени 2010 година, по еден прекршок меѓу младите фудбалери.
Кога децата бea физички нападнати, на теренот влета и домашната публика и настана општа тепачка. Двајцата домашни фудбалери со тешки повреди се однесени во Клиничката болница во Штип, а полицијата по интервенцијата го приведе главниот напаѓач и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инцидентот се случи при водство на Брегалница со 2:1.
Е
Повредени се двајца 15-годишни фудбалери на штипска Брегалница за време на натпреварот со Шкупи на стадионот на Бело Брдо во Штип. Едниот од фудбалерите се здобил со скршеници на носот, а другиот со повреди на ногата. Инцидентот се случил на самиот крај на натреварот, при водство на домаќините со 2:1, и тоа во момент кога фудбалер на Шкупи добил црвен картон од судијата. Незадоволниот фудбалер почнал да ги напаѓа фудбалерите, по што на теренот влегле и тројца родители.
Домашната управа бара од Фудбалската федерација казни за ваквите влетувања на луѓето на теренот, а од гостинската публика и да преземе мерки во иднина да не се даваат вакви лоши примери на младите фудбалери.