(Видео) Роналдињо со поддршка за Македонија на ЕУРО 2020
Вечерва започнува Европското првенство со натпревар меѓу Италија и Турција.
За прв пат, свое учество на овој голем натпревар ќе земе и Македонија која својот прв натпревар го игра во недела против Австрија.
Пораки со поддршка пристигнуваат од сите страни, а сега и од познатиот Бразилец, веројатно еден од најталентираните фудбалери на сите времиња – Роналдињо.
Тој преку видео порака испрати силна поддршка за Македонија на претстојното ЕУРО 2020.
Кралот Роналдињо има нешто да ви каже!!!! #Euro2020 🇧🇷❤🇲🇰 pic.twitter.com/N0oUtQcsAX
— Team Macedonia (@PrvaLigaMK) June 11, 2021