(Видео) Руските сили навлегоа во Харков, силни експлозии во Киев

Киев и другите украински градови беа нападнати во текот на ноќта, јавуваат агенциите, додека земјата влезе во четвртиот ден од почетокот на руската инвазија. Украинските власти ги предупредија жителите ширум земјата да се подготват за воздушни напади кои започнаа во раните утрински часови по локално време.

Во текот на ноќта Киев беше нападнат од руската војска и ракети, а во градот се огласија и сирени.

Беа погодени и други украински градови.

На социјалните мрежи се шират снимки од руски возила во Харков.

 

Претходно челниците на Харков известија дека на улиците се води тешка борба и дека украинската војска го елиминира непријателот и ги повикаа граѓаните да останат во своите домови.

Би-би-си јавува дека повторно се слушаат експлозии западно од центарот на Киев. Пред тоа се огласија сирените.

Руските агенции јавуваат дека Кремљ е подготвен за преговори со Украина во Белорусија

 

 

Back to top button
Close