Видео) Русофили го гаѓаа Петков со снежни топки и викаа „Предавници“  

Со извиците „Оставка“ и „Предавници“ и исвиркувања беа пречекани претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев и премиерот Кирил Петков, кои дојдоа на врвот Шипка да им одадат почит на загинатите пред 144 години во борбата против отоманското ропство, во време на Руско-турската ослободителна војна 1877-1878 година.

Претседателот на Народното собрание Никола Минчев изјави дека Бугарија денеска е исправена пред нови предизвици. Во моментот кога почна да кажува дека денешниот свет е поинаков од вчерашниот, и дека на 500 километри од Бугарија има воен конфликт во Украина, насобраната толпа почна да го исвиркува.

И покрај тензијата што ја создадоа приврзаниците на про-руската партија „Преродба“, бугарскиот премиер им се обрати на присутните дека Бугарија не ја добила својата слобода бесплатно, туку се борела за неа. Тој потсети дека за ослободувањето и за тоа земјата да биде независна, своите животи не ги дале само многу руски војници, туку и Украинци, Финци, Романци и Белоруси.

-Време е да се каже дека Бугарија е над се. Среќен празник Бугари!, рече Петков. Неговиот говор беше проследен и со свирежи и извици „Оставка“, кога се обиде да разговара со нив. Откако Петков заврши со обраќањето, како што може да се види и на видеата од настанот, граѓани кои носеа и руски знамиња го гаѓаа со снежни топки од кои една обезбедувањето успеа да ја спречи во моментот пред да го погоди бугарскиот премиер во глава.

БНР јавува дека пред делегациите да пристигнат кај споменикот еден од присутните граѓани го фрлил на земја знамето на Европската унија.

На лице место имаше многу полиција и жандармерија кои се обидуваа да спречат .

 

БНР јавува дека пред делегациите да пристигнат кај споменикот еден од присутните граѓани го фрлил на земја знамето на Европската унија.

На лице место имаше многу полиција и жанда

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close