(ВИДЕО) СДММ: Ја поддржуваме иницијатива белиот дворец да стане студентски дом

Откако излезе ваква иницијатива, УМС на ВМРО-ДПМНЕ, пак, тогаш предложи во студентски дом да се претвори штабот на СДСМ на улицата Бихаќска со оглед дека истиот претходно бил седиште на Министерството за образование и наука (МОН)
Партиската младина на СДСМ ја поддржа иницијативата седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом, по неговата конфискација во рамки на судскиот процес „Талир 3“.

„Одлична е можноста откако ќе се заплени овој имот и пресудата ќе стане правосилна, да се отвори јавна дебата и овој луксузен дворец да се отстапи на идните академски граѓани, на студентите од внатрешноста. Откако ќе се отвори и јавна дебата со разговор помеѓу сите студенти и сите млади, СДММ стои зад овој предлог, за дворецот да стане студентски дом. СДММ смета дека студентите заслужуваат студентски дом во строгиот центар на Скопје“,
изјави претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Марко Михаилоски.

Откако во средата во Основниот кривичен суд во Скопје беше изречена пресудата за „Талир 2“ со која се одлучи да се одзеде имот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кој и централниот штаб, со ваква иницијатива излегоа од Универзитетското студентско собрание (УСС) – УКИМ.

Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, пак, тогаш излезе со предлог во студентски дом да се претвори штабот на СДСМ на улицата Бихаќска со оглед дека истиот претходно бил седиште на Министерството за образование и наука (МОН).

Со пресудата за „Талир 2“ со која покрај конфискација, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски доби 6 години затвор, а ексгенералниот секретар Кирил Божиновски условна казна. Пресудата ќе стане правосилна откако за жалбите што ќе ги поднесат странките ќе се изјасни и второстепениот суд односно скопска Апелација. Покрај потврда на пресудата, Апелацискиот суд може и да го врати предметот на повторно одлучување.

 

 

Back to top button
Close