(Видео ) СДСМ ја поздравува одлуката на Бајден за санкции за непочитување на Преспанскиот договор

По првичните реакции на опозицијата за новата наредба на администрацијата на САД, од владејачката партија велат дека  ВМРО-ДПМНЕ им врти грб на граѓаните и на нашиот најважен стратешки сојузник

СДСМ ја поздравува последната одлука на претседателот на САД, Џо Бајден, соопшти, на прес-конференција, пратеникот на владејачката партија Миле Талевски, кој, исто така, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е против Преспанскиот договор и дека им врти грб на граѓаните и на нашиот најважен стратешки партнер.

„Се редат изјави на функционери од ВМРО-ДПМНЕ дека и понатаму оваа партија е против Договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ е против државните интереси, против членството во НАТО и во ЕУ, против нашите стратешки партнери. За нив не се важни интеграциите на татковината, ниту нејзината иднина. Тие се само за блокади“,изјави Талевски.

Back to top button
Close