(ВИДЕО) СДСМ: Апасиев и Левица се реална закана за европскиот пат, ќе го земат Мицкоски како заложник

Ако се запре патот кон ЕУ, наведе портпаролот на СДСМ, ќе запре и помошта од Унијата, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, а младите ќе побегнат во други европски земји

Левица и Димитар Апасиев не треба да се потценуваат, тие имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ и оваа партија ќе го земе Христијан Мицкоски како свој заложник, сметаат од СДСМ.

 

„Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Но затоа, како што заканата од Левица расте, Мицкоски станува сè поекстремен. Тоа го покажа и пред некој ден кога самиот потврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов. Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата“ рече денеска на прес-конференција портпаролот и пратеник од СДСМ, Дарко Каевски.

Политиката на Левица, сметаат социјалдемократите, нема да ја направат земјава посилна. Доколку се запре патот кон ЕУ, наведе Каевски, ќе запре и помошта од Унијата, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, а младите ќе побегнат во други европски земји.

„Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме. Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб. Оваа опасност од непромислен популизам, СДСМ и демократските сили нема да дозволат да се случи. Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме и нема да дозволиме кој било да ја загрози“ рече портпаролот на СДСМ.

Back to top button
Close