(ВИДЕО) СДСМ: Парк наместо облакодери и бетон од „Александар Палас“ до бунарите на Водовод кај Карпош 4
Советниците од СДСМ во општина Карпош велат дека ќе „има парк од „Александар Палас“ до бунарите на Водовод кај Карпош 4 по должина на кејот, а не облакодери и бетон“.
Порачаа дека нема да дозволат „ВМРО-ДПМНЕ да смени ГУП на Скопје и ДУП на Карпош“.
Тие упатија „повик до сите советнички листи да го поддржат овој предлог без разлика кој ќе биде градоначалник и мнозинство во Советот“.
„Да се обединиме околу идејата за зеленило наместо згради“ велат од СДСМ.