(ВИДЕО) СДСМ: Само 26% реализација на капитални инвестиции – власта е тотално неспособна
Соопштение на СДСМ:
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во првите 6 месеци има катастрофални 26 проценти реализација на капиталните инвестиции.
Ова не е само катастрофална бројка. Ова е показател, доказ за целосна институционална неспособност на Владата и промашени економски политики.
Со ваква мизерна реализација, Македонија не може да напредува.
Во споредба со истиот квартал од минатите години, реализацијата на капиталните инвестиции во првите шест месеци од оваа година е преполовена.
Во времето на СДСМ, во истиот период од 2023 и 2024 година, реализацијата изнесуваше над 60%.
Со ВМРО-ДПМНЕ имаме огромен пад, кој со себе повлекува последици по целата економија затоа што Капиталните инвестиции се едни од најважните алатки за економски раст.
Дополнително загрижувачки е што парите со кои власта се задолжува не се ефектутуираат за проекти туку се трошат ненаменски за покривање буџетски дупки.
Со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски македонската економија тоне, граѓаните имаат се помалку пари, животниот стандард опаѓа а сиромаштијата се зголемува.
Министерката Димитриеска-Кочоска во март очајно ја правдаше катастрофалната реализација со „студеното време во јануари и февруари”.
Сега е август – топло е, дали повторно температурите се виновни? Или конечно ќе признае дека потфрли владата затоа што е неспособна?
https://www.youtube.com/watch?v=F3FnEoCBT0c