(Видео) Се појави снимка на која исчезнатата Данка е видена со две Романки во Виена

Двегодишната Данка Илиќ, која е пријавена за исчезната во вторникот, е видена во придружба на две Романки во Виена, објави Телеграф.рс. Според порталот, српската полиција ноќеска ја контактирала австриската и во Европол ги проследила сите податоци и снимка. Телеграф пренесува дека интензивно се работи на идентификација и лоцирање на девојчето.

Потрагата по Данка Илиќ трае веќе шест дена. Двегодишното девојче исчезна од дворот на куќата во Бањско поле во Бор. Последен пат е видена во вторникот, околу 13:45 часот. Во моментот на исчезнување на себе носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна.

Поради неа, за првпат во Србија беше активиран системот „Пронајди ме“.

 

Back to top button
Close