(ВИДЕО) Се руши хотел дивоградба на самиот брег на Охридското езеро
Општина Охрид спроведува акција за рушење на хотел дивоградба, кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, и истиот е во близина на бетонската база изградена од советникот Нефи Усеини, објави Охрид1.ком.
Акција за уривање на овој хотел првично имаше на 30 септември 2019 год, но општинските екипи тогаш се повлекоја по ветувањето на сопственикот дека сам ќе си го урне објектот. Тогаш општината му даде рок од 20 дена, но сопственикот не само што не го испочитува овој рок, туку до ден денес, немаше отстрането ни една штица од објектот.
Инаку ова е дел од акцијата која локалната самоуправа ја спроведува по препораките на УНЕСКО, и со која се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.