Видео: Се степале кандидат за советник од коалициска партија и активист на ВМРО ДПМНЕ

Хаотична состојба во Виница откако кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ претепа друг кандидат за советник од редовите на партијата на Шабан Салиу, објави Инфомакс.

И.С. бил тешко повреден од Д.М., а во моментов лекарите се борат за да го спасат неговиот живот.

Ова е втор пат во рок од две недели Д.М. да го напаѓа И.С. кој неофицијално  е во кома.

На видеото подоле поголема група на роднини и пријатели на И.С. и се закануваат на полицијата дека ќе ја запалат Виница  доколку И.С. подлегне на повредите.

 

Back to top button
Close