(ВИДЕО) Се урна дел од железничката станица во Нови Сад, има повредени

Натстрешница над влезниот дел на железничката станица денеска се урна во Нови Сад, а се верува дека има повредени.

Голем број екипи на брзата помош, полиција и пожарникари се на терен, пишува „Независне новине“.

Според очевидци, oдекнало како бомба.

„Работиме во зградата спроти железничката станица. Кога падна, нашата зграда буквално се стресе“, вели соговорничката на „Дневник“.

;

Според првичните информации, до несреќата дошло кога се урнале столбовите што ја потпираат бетонската конструкција на фасадата на железничката станица.

Некои од српските медиуми јавуваат дека станува дел за стариот дел од натсетршникот, кој не бил опфатен со реновирањето.

Во јули заврши реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, односно нејзината централна сала со шалтери

Back to top button
Close