(ВИДЕО) Се урна новинарски хеликоптер во Лос Анџелес додека екипажот известувал за сообраќајна несреќа – тројца загинати
Три лица загинаа, а две се повредени откако новински хеликоптер се урна во предградие на Лос Анџелес, пренесува Би-би-си.

Во моментот на уривањето, новинарската екипа во хеликоптерот известувала од местото за друга тешка сообраќајна несреќа што претходно се случила во таа област.
Хеликоптерот бил на телевизијата Ен-би-си Лос Анџелес, но работел и за Телемундо 52.
Според противпожарната служба на Лос Анџелес, хеликоптерот паднал меѓу две комерцијални згради, по што избувнал пожар што зафатил четири возила и два контејнери за складирање.
На местото на несреќата биле испратени повеќе од 70 пожарникари.
Од полицијата засега не соопштија колку лица се наоѓале во хеликоптерот во моментот на несреќата, а не е објавен ниту идентитетот на загинатите.
Хеликоптерот бил еден од неколкуте новинарски летала кои известувале за сообраќајна несреќа во Чатсворт.
Истрагата за падот на хеликоптерот ќе ја води Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ).
За време на известувањето во живо на телевизијата, водителката на вестите Колин Вилијамс потврди дека се урнал хеликоптерот на локалната новинска станица.
„Знаевме дека сме го изгубиле контактот со нашите луѓе таму и штотуку добивме потврда“рече таа.
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, на Икс напиша дека е апсолутно скршена од загубата на животи во Чатсворт.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, пак, вели дека нивните срца се со жртвите и семејствата на катастрофалните несреќи со автобуси и хеликоптери во Чатсворт, но и со целото семејство на Ен-би-си фор.






