(ВИДЕО) Секуловски од ЗНМ: Одговорност за оние кои ја попречуваат работата на новинарите и снимателите
Во текот на викендот имавме пријави во ЗНМ и во ССНМ дека во кругот на ГОБ 8 Септември во Скопје медиумите биле спречени во известувањето. Имавме реакција со која ја осудивме ваквата постапка и укажавме дека не смее да биде попречувана работата на медиумите особена за тема за која има јавен интерес. Како одговор на нашата реакција имавме покана од министерот Филипче да присуствуваме на разговор каде министерот ни појасни дека не постои формална одлука за снимање во кругот на јавните здравствени установи и воедно ни укажа дека се прават напори да се истражат овие попречувања на работата на новинарите и снимателите“, изјави во Утрински брифинг, директор на ЗНМ, Драган Секуловски.
Ние ќе инсистираме како професионално новинарско здружение да има одговорност за лицата кои што ја попречувале работата на новинарите, но и на оние кои им дале таква насока, вели Секуловски и додава дека од она што до сега се дознало станува збор за припадници на приватно обезбедување.
Целиот разговор погледнете го во видеото на Утрински брифинг