ВИДЕО | Селмани: Власта по некое време корумпира, а ДУИ е предолго на власт

ДУИ е веќе 20 години со статус на владејачка партија. Најавени се прослави и музички концерти организирани од оваа партија. ДУИ ја започна кариерата како политичка партија како движење на бунтот на граѓаните со албанско потекло, па нивниот подем беше очекуван и тие се најконтинуитетната партија во последните 20 години.

– Дваесет години на политичката сцена, од кои 18 години на власт, а на локално ниво некаде и со апсолутна власт секако е добро за ДУИ, но се сомневам дека е собро за државата. ДУИ има секакво право да го слави овој јубилеј, но во овој момент кога граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, ова секако не наидува на одобрување од граѓаните освен на оној груг на партиски активисти, вели Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за Утрински брифинг.

Тој вели дека владеењето на ДУИ има и добри и лоши страни, а лош белег кој ја видоизмени државата е тоа што ДУИ го поддржа проектот Скопје 2014 кој, како што гледаме, бил финансиран на криминален начин. Друг лош момент е што голем број млади луѓе се вработуваа по клуч а не одеа на работа поради што не ни успеаја да изградат административна кариера, коментира Селмани за Утрински брифинг.

Back to top button
Close