(ВИДЕО) Село во Босна потполно отсечено после поплавите: До него може да се стигне со чамец или пеш низ шумата

Село во Босна уште е отсечено по поплавите и до него се стигнува само со чамец или пеш низ шумата. Но, преку шумата има пет часа одење пеш.

Селото Чивељ кај Јабланица е целосно отсечено од остатокот на Босна и Херцеговина(БиХ) по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата. Поминаа седум дена од поплавата, но селото е отсечено.

Чивељ е мало место на Јабланичкото езеро кое нема голем број жители, а бидејќи трагедијата се случи поради врнежите минатата недела, тие немаат можност да стигнат до градот со приватни возила, пишува Кликс.

Во поплавите загинаа најмалку 23 луѓе. Некои семејства изгубија повеќе членови. Поплави имаше во неколку босански општини. Обвинителството отвори истрага да се утврди дали блискиот каменолом довел до катастрофални последици. (Фактор)

 

Back to top button
Close