ВИДЕО | Шекеринска: Ако нaместо стабилна влада имаме ситуација падни – стани, никој во ЕУ нема да се потресе 

Владата работи со полн капацитет. Имаше седница вчера. Ќе има се поголеми барања, дискусии за се и сешто. Немаме притисок во поглед на термините и времето, но партиите треба да се фокусираат наместо на броење на министрски места на тоа која е нашата задача, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во гостувањето на Утрински брифинг осврнувајќи се на актуелните политички состојби околу Владата и новото парламентарно мнозинство.

– Повеќе се занимаваме со ситни партиски игри кои сепак се ситни. Ќе бидат интересни недела, две, пет и после ќе ги заборавиме, а помалку се концентираме на суштината и чекорите кои ги очекуваат граѓаните и таа грешка и ние ја правиме во полтиичкиот живот, и медумите влегуваат во таа грешка. Еве ако кажам за воената интеграција во НАТО тоа ќе биде во 15-тата минута на вести, но ако ја кажам и најглупата изјава за идното мнозинство или за Бугарија тоа ќе биде прва вест. Треба да созрееме и да им ја даваме тежината на работите кои навистина носат некаква вредност, рече министерката Шекеринска.

Таа со фудбалски речник објасни за чекорите кои престојат во наредниот период во однос на најавената интеграција во ЕУ и новата влада на Заев.

– Треба да го поделиме периодот на две полувремиња како во фудбалот, првото да фокусиран на стабилизира на мнозинствоот и вториот фокусиран на нашата втора стратешка цел, а тоа е  ЕУ. Не сакам да ги зголемувам очекувањата за работи кои не зависат од нас. Тоа што зависи од нас го исполнуваме, но тоа што не зависи од нас не можеме да го подгреваме или ладиме на ринглата. Во случајот почетокот на преговорите со ЕУ зависи од Бугарија и од консензусот во рамките на Унијата. Не можеме да дефинираме што ќе се случи на Европскиот самит, но од наша страна не смееме да и дадеме алиби на бугарската страна или на било која друга страна да го обезбеди статус квото, рече Шекеринска.

– Ако ние немаме влада со полн капацитет, ако имаме ситуација падни – стани, никој во ЕУ нема да се потресе и да бутка кон решение и кон почеток на преговори, ако кај нас во Скопје не гледа апетит за такво нешто, значи тоа е првото полувреме. И мислам дека тука треба да ја гарантираме безбедноста на владата, да биде јасно дека мнозинството е обезбедено и да бидеме во полн капацитет, нагласи министерката додавајќи дека во овој момент секоја дискусија е преуранета и не дефокусира од стратешкиот интерес кон кој треба да се насочи целата енергија, политичка, владина, институционална па и медиумска.

Back to top button
Close