(ВИДЕО) Шукова: Јавните претпријатија се заробени од партиски интереси

Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично, затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособни раководства.

Граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат насобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура. Мој приоритет е вистинска реформа на јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите, изјави денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова.

Според неа, ЈСП ќе се модернизира со нови еколошки автобуси, електронски систем за наплата и брз автобуски транзит за да се цвоспостави јавен превоз што функционира.

-„Комунална хигиена“ се ревитализира со современ центар за селекција и рециклажа, редовно собирање отгпад и конечно решавање на „Вардариште“. Во „Паркови и зеленило“ се отвора нова ера -10.000 дрва и 15 нови паркови за 15 месеци со редовно одржување и враќање на зелените површини во маалата. „Водовод“ се насочува кон стабилно снабдување, модерна опрема и намалени загуби на вода. ЈП „Лајка“ се надградува во вистински хуман систем за згрижување и грижа за уличните животни, истакна Шукова.

Додаде дека Скопје ќе добие функционални и транспарентни јавни служби, бидејќи Скопје е град што ќе работи, град што се грижи за жителите и затоа време е институциите да им служат на граѓаните, а не на партијата.

Back to top button
Close