(ВИДЕО) Шукова за излевањето на цијанид во Крива Река: „Дали некој свесно ја штити Булмак 2016?“
„Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив. Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Излевањето на високо отровни материи од рудникот Тораница резултираше со енормно загадување на Крива Река.
Според независните анализи кои ги објави општината Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното. Ова е огромна закана за живиот свет, за бунарите, за земјоделските површини, но и аларм итно да се направат анализи и во Пчиња и Вардар“, изјави Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.