Видео: Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг се сретна со американскиот претседател Трамп. Заедно со министерот со надворешни работи Тимчо Муцунски се ракуваа со Трамп, а дополнително и беа сликани. Таа за новинарите раскажа дека со Трамп бил и потпретседателот Џеј Ди Венс, но наместо со вистинското име таа го нарече Диџеј Венс. Во делегацијата на САД и во придружба на Трамп всушност е државниот секретар Марко Рубио.
Во видеото објавено од „ТВ21“ Сиљановска дополнително додаде дека потпретседателот на САД се познава со Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи, а дополнително најави дека е можно Венс да ја посети Македонија.
„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, рече Сиљановска-Давкова.