(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ – Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетната за „Пулс“
Анастасија Павловска од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ остро реагираше на однесувањето на дел од пратениците за време на седницата на Анкетната комисија, опишувајќи го како понижувачко и целосно непочитувачко кон родителите на жртвите од трагедијата во Кочани.
Оваа страна покажа нула заинтересираност за целата дискусија која се одвиваше. Ве гледам, си седите на вашите мобилни телефони, си шушкате меѓусебно. Кога се прибраа членовите на медиумите, а голем дел си заминаа – како мислите дека мене, како млад човек во државава, каква слика ми создава? Дека вие ќе можете да соработувате и вистински да се изборите за правда за овие луѓе што собрале храброст да дојдат да се обратат?“, рече Павловска.
Таа праша дали навистина некој очекува по вакво однесување младите да стекнат доверба во институциите:
„Дали сметате дека јас по денеска ќе излезам од тука и ќе речам: ‘Да, соработуваат пратеничките групи, гледаме дека покажаа емпатија и дека им е важно што имаат да кажат овие родители’? Не. Мене ова ми личи дека е само некоја процедура, само да се замачкаат очите дека ‘еве, конечно ви дадовме Анкетна комисија’. Навистина е многу разочарувачки.“
Павловска истакна дека внимателно ги следела емоциите на пратениците, особено во моментите кога зборуваа двете мајки од Кочани, и додаде дека однесувањето е „засрамувачко“.
На крајот, упати директен повик:
„Ве молам, пишете им на сите ваши колеги да се вратат назад во оваа сала!“
Видео на следниот линк






