(ВИДЕО) Силјановска тврди дека ВМРО ДПМНЕ има нов статут, Груевски не бил почесен а нејзе ја подржале граѓани -не партијата
На синоќешната тв дебатата со противкандидатот Никола Димитров од изборната единица 1 каде што Силјановска Давкова е носител на листа на ВМРО ДПМНЕ, таа негираше дека била избрана од партијата туку, според неа , избрана е со подршка од граѓаните и рече дека ВМРО ДПМНЕ имала нов статут според кој Груевски не бил веќе почесен председател на ВМРО ДПМНЕ.
– Јас сум либералка која инклинира накај десницата – се правдаше Силјановска реплицирајќи му на Димитров дека тој бил долго со ВМРО ДПМНЕ а таа не била автентична вмровка.