Видео: Силна експлозија одекна во Луганск

Силна експлозија одекна во Луганск, јавија медиумите. Во руската област Ростов доцна вечерва пристигнаа првите автобуси со луѓе евакуирани од регионот на Доњецк.

Силна експлозија одекна на територијата на самопрогласената Народна Република Луганск.

Претходно недалеку од седиштето на самопрогласената Народна Република Доњецк се случи голема експлозија, а според руските медиуми станува збор за детонација на бомба во автомобил.

На сликите од местото на експлозијата се гледа целосно уништен автомобил на паркингот на околу 100 метри од седиштето на тој регион, а се забележуваат големи штети на околните возила.

Уништеното возило му припаѓало на шефот на Народната милиција на Народна Република Доњецк, Денис Синенков, кој за Интефакс изјавил дека не е повреден во експлозијата.

Утрово со сирени во Доњецк беше означена евакуација на населението во Русија, поради страв од можен вооружен напад на Киев, а како што е најавено, се очекува тој регион да го напуштат 700 илјади луѓе.

Во руската област Ростов доцна вечерва пристигнаа првите автобуси со луѓе евакуирани од регионот под контрола на сепаратистите.

Back to top button
Close