Видео: Силна нестабилност со дожд, ветер и град во поголемиот дел од земјава
Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека нестабилно облачно време со дожд, ветер и град се приближува кон Велес, Штип и Крива Паланка.
„Силна нестабилна облачна маса се приближува кон Велес проследена со интезивни јаки поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења , засилен ветер појава на град. Нестабилност имаме и во Штипскиот и КривоПаланечкиот регион“, велат од УХМР.
Нестабилност има и во Штип, Кочани. Од запад кон Скопје навлева нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и можна појава на град.
Нестабилна облачна маса имаме и во Прилепскиот регион, измеѓу Прилеп и Росоман , Неготино , Демир Капија, Виница Делчево . Насекаде имаме појава на пороен дожд, силни електрични празнења , засилен ветер и можна појава на град.
Попладнево дождот го зафати главниот град, носејќи значително освежување по претходните пеколни денови. Според метеоролошките најави, врнежите ќе продолжат до околу 19 часот.
Со пристигнувањето на дождот, температурите опаднаа во голема мера, и моментално се движат околу 22°C. Влажното и посвежо време донесе олеснување за граѓаните, особено по неодамнешните горештини.