(Видео) Силни експлозии во Бејрут, најмалку десетмина загинати и над 500 повредени

Неколку експлозии одекнале во Бејрут, а на социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа детонациите .Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан.

 

Omg a huge explosion!!!Hope everybody is safe!! 🙏🏻✨

Beiruting.com 发布于 2020年8月4日周二

 

Оштетени биле згради кои се оддалечени неколку километри од експлозиите, кои се случиле на 20 километри од главниот град на Либан.

Според првичните информации, повредени се повеќе луѓе. Како што јавува Би-би-си, од непотврдени информации се случиле две експлозии, а сè уште не е познато од што биле предизвикани.

Би-би-си пишува дека експлозиите се случиле во време кога се очекува да биде објавена пресудата во судењето за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири во 2005 година.

За убиството обвинети се четири лица – членови на групата поддржана од Иран, Хезболах, која постојано негираше каква било улога во смртта на Харири. Ним им се суди во отсуство, а пресудата треба да биде донесена в петок.

Back to top button
Close