ВИДЕО: Силно невреме во Верона – водата дојде до вратите на куќите, автомобилите и улиците поплавени
Тешко невреме ја погоди Верона.
Гувернерот на Венето, Лука Заија прогласи кризна ситуација. Во градот наврна толкава количина град што улиците се претворија во реки, а бурата собори околу 500 стебла. Водата во некои улици премина дури надв метар и половина.
Надлежните служби примиле околу 220 повици, немало повредени.
„Ветер, дожд и град со огромни пропорции го претворија градот во бојно поле.. За 10 минути, Верона ја погоди бура слична на Ваији“, рекол градоначалникот Федерико Сбоарина мислејќи на силната бура која во 2018 година ги опустоши североисточните делови на Италија.