ВИДЕО | Симеска Димоска: При 190 инспекциски надзори, 33 субјекти не ја почитувале одлуката за намалени маржи

Економската криза го тресе светот. Иако се понадевавме на светла точка, дека се наѕира крајот на пандемијата предизвикана од ковид 19, сепак војната во Украина ни ги помати сметките на сите.

И Македонија не е амнестирана од овие случувања. Во вакви услови треба да сме свесни да се грижиме сите взаемно, не треба да се размислува да се заработи на нечиј грб, туку да се покаже човечност, заедно посилни да ја пребродиме и оваа наметната состојба.

Цената на енергенсите на светските берзи, диктирана од случувањата, неконтролирано се менува и расте, а тоа пак како домино ефект се пренесува на сите сектори и задава силен удар.

Во таа насока, а со цел да го заштити животниот стандард на граѓаните Владата постојано донесува мерки со цел да спречи енормен раст на цените на основните продукти.

Но дали тоа се почитува на терен?

За тоа е надлежен пазарниот инспекторат кој врши редовни контроли. За тоа каква е сликата на терен, во Утрински брифинг разговаравме со директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

-Во перидот кој беше зад нас десетина дена, но и претходни три месеци додека траеше ограничувањето по однос на цените на производите ДПИ постојано ја следеше ситуацијата со вршење на инспекциски надзори. Така е и сега, откако од 1-ви март стапија на сила ограничени маржи за одредени основни производи, но така и од 10-март кога стапи на сила најновата одлука во која што на одредени производи се симна маржата на 0%, односно се продаваат по набавна цена – тоа се маслото, лебот, брашното и на останати неколкку производи како оризот, шеќерот, млекото, на кои маржата е ограничена на 3 односно 4%, вели Симеска Димоска.

-Само за последните два дена извршени се 190 инспекциски надзори, при што по однос на Законот за трговија, во делот за непочитување на одлуката во однос на маржите што се даваат на производите, кај 33 субјекти изречени се прекршочни мерки, со издавање на прекршочни платни налози, што значи дека безмалку 20% кај извршените надзори констатирани се неправилности, вели директорката ан ДПИ.

Симеска Димоска вели дека во петокот само во Скопје кај 7 субјекти биле изречени прекршочни мерки за непочитување на владината одлука.

-Изречените глоби се во висина од 7.000 евра за правното лице и 350 евра во денарска противредност за одговорното лице. Тоа се субјекти кои спаѓаат во категоријата големи трговски друштва, додава Симеска Димоска.

 

Back to top button
Close